(ВИДЕО) СДСМ од струшко: Ваква власт да не се повтори!

Од:

Денеска, претставници на СДСМ, ги посетија најзагрозените населени места во струшкиот регион кои повеќе дена се без електрична енергија и вода, отсечени од светот со непроодни и завеани патишта.

Потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски придружуван од Васко Ковачевски, пратеник и претседател на ОО СДСМ Битола, Томислав Тунтев, пратеник и претседател на ОО СДСМ Охрид, како и пратениците Јулијана Силјановска и Јован Митрески и претседателот на ОО на СДСМ во Струга, Даме Ложанковски, денеска во непосредни средби со граѓаните од Вевчани, Лабуништа и Октиси разговараа за проблемите со електричната енергија и непроодните патишта со коишто се соочуваат изминативе денови, како и за потребната помош.

10361443_938762916134744_1823080051933829870_n

Трошењето на буџетските средства во непродуктивни цели, како што се барокни фасади на МЕПСО, наместо во капитални проекти, како што е електро-енергетскиот систем, скапо чинеше илјадници наши сограѓани кои повеќе дена и тоа за време на новогодишните празници, на температура под нулата, останаа дома, без струја, без вода, во завеани и непроодни патишта, вели Александар Кирацовски.

И додека власта на Никола Груевски ја префрлаше одговорноста и формираше Кризен Штаб, затоа што среде зима снегот ги изненадил, нашите активисти беа неуморно насочени кон граѓаните и им ја понудија нашата помош.

10892025_938762596134776_9143811388645965251_n

Денеска повторно е овде дел од раководството на СДСМ, заедно со пратениците.
Се наоѓаме во охридско-струшкиот регион, каде што оваа ситуација беше и сеуште е најкритична да се видиме со граѓаните од Лабуништа, Вевчани и другите помали места да ја дадеме нашата подршка, да поразговараме со нив и да помогнеме `се што е во наша моќ.

10361443_938762916134744_1823080051933829870_n

Апелираме до власта во наредниот период многу поажурно и поефикасно да ја врши својата работа, а на граѓаните им посакуваме никогаш повеќе да не се повтори ваква новогодишна ситуација, односно да не се повтори ваква власт на којашто спомениците, фасадите и панормаските тркала во Скопје и се поважни од граѓаните на Република Македонија заврши Кирацовски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он