Јанакиески: Сите села во Македонија денеска ќе бидат ослободени од снегот

Од:

Најголем дел или скоро сите населени места кои поради снегот беа отсечени денеска треба да бидат пробиени и да може нормално да функционираат, а се очекува и снабдувањето со електрична енергија да биде решено во најкритичните места, е заклучокот од денешниот состанок на Координативното тело на Кризниот штаб, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

-Дирекцијата за заштита и спасување помага во повеќе населени места и согласно акциониот план денес треба најголем дел или скоро сите населени места да бидат пробиени и да може нормално да функционираат истите. ДЗС ќе вложи максимални напори денеска сите села да бидат пробиени и да имаат нормална комуникација. Сите населени места во Македонија или најголем дел од нив денес треба да бидат проодни – истакна Јанакиески.

Мета

Би можело да ве интересира

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Ѓуровски