Тетовец повреден со огнено оружје

Од:

Вчера во 15,10 часот во ПС-Тетово, А.Ј.(41) од Тетово,телефонски пријавил дека со неговото патничко моторно возило се движи кон Клиничката болница Тетово и го носи неговиот брат Е.Ј.(35), кој бил повреден од огнено оружје во пределот на десната потколеница во близина на медицинското училиште во Тетово.

Од страна на полицијата излезено е на лице место, обавен е разговор со лекар од КБ-Тетово, кој кажал дека на лицето му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истото е пренесено во УЦ-Скопје.

Увидна екипа од СВР-Тетово извршила увид на ул.„В.Вардарска“ поточно во Блок 87 бр.29 пред угостителски објект „Папаја“ во Тетово, каде на снежната подлога на улицата биле пронајдени неколку траги од крв, кои се подигнати за вештачење.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина