Седумгодишно девојче преживеа пад на авионот во кој загинаа четири лица.
Малиот авион „Пајпер PA-34“ го пријавил проблемот со моторот и изгубил контакт со контролата на летот додека се наоѓал над јужнозападниот дел на Кенатаки околу 17 часот и 55 минути по локално време, соопшти Американската воздухопловна админситрација.
Околку пола час подоцна, еден од жителите на округот Лајон повикал полицја и рекол дека седумгодишна девојка дошла до неговата куќа и рекла дека доживеала авионска несреќа, рекол Џин Питерсон од полицијата од Кентаки, кој тоа што преживеало девојчето го нарекол „чудо“.
Девојчето е префрлено во болницата и нејзинте повреди не се опасни по живот, додал Питерсон.
Американската воздухопловна админситрација соопштила дека авионот полетал од аеродромот Талахаси на Флорида, а дека неговата дестинација била Маунт Вернон во Илинои.