А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Бесими: Интеграцијата во ЕУ најдобра алтернатива што ја има Македонија

by А1он03/01/2015 - 09:5561
Share0

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во новогодишното интервју за МИА говори за процесот на евроинтеграции на земјата, за нерешеното прашање за името со Грција кое е пречка за добивање датум за отпочнување на пристапните преговори, како и за работи кои може да се применат за да се забрза процесот на преговори што се водат под покровителство на ОН. Неговите видувања за улогата на опозицијата во земјата, за реформите кои се спроведуваат, за влијанието на Европарламентот, но и за поддршката од граѓаните во контекст на интегративниот процес се исто така дел од интервјуто.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како ја оценувате 2014 година во поглед на вашата работа? Имавме ли конкретен напредок кон зацртаната цел-евроинтеграциите, иако извесно датум за отпочнување на преговорите не добивме. И покрај шестата препорака на Еврокомисијата до валоризација од Советот на Унијата не дојде поради спорот со Грција.

– Во октомври кога ја добивме препораката од ЕК кажав дека е добро тоа што по шестти пат имаме препорака. Тоа во одредена доза создава перцепција на замор. Меѓутоа, за нас е јасно дека европската интеграција е најдобрата алтернатива што ја има Македонија и регионот. И затоа ова се прифаќа повеќе и како дополнителна обврска за агендата на реформи што не очекуваат. Меѓутоа, исто така и поголем ангажман во однос на покажување конкретни резултати во однос на отвореното прашање со Грција за името, со тоа што тоа е дефакто и пречка во оваа фаза да има консензус во ЕУ за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.

Сметате ли дека ќе се изнајде решение за спорот во овој формат, под покровителство на ОН или треба да се прошири базата за негово надминување?

Следете a1on на Youtube YouTube

– Во однос на форматот како би се решило сите се согласуваат дека треба да остане рамката во ОН, затоа што има меѓународен договор којшто е валиден и врз основа на кој се врши ова покровителство на ОН. Меѓутоа, исто така, јасно е веќе дека тој процес нема временска динамика. Тоа што се очекува во тој процес мое размислување е дека треба неколку работи да се направат дополнително на тоа. Значи останува рамката за решавање под покровителство на ОН и нивно посредување, но и некои други чекори би помогнале во овој процес.

eu

Би можело да ве интересира

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:21

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски08/05/2026 - 14:0908/05/2026 - 14:59

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Горан Наумовски08/05/2026 - 13:55

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Горан Наумовски08/05/2026 - 10:32

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он04/05/2026 - 19:57

Кина упати сериозна закана до Европската Унија

Горан Наумовски02/05/2026 - 10:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто