Два авионски инцидента во истовреме во Велика Британија

Од:

Два инцидента при слетувањето на два помали патнички авиони во истовреме се случија денеска во два дела од Велика Британија.

Во првиот инцидент источно од Лондон, авионот морал принудно да се спушти, поради пожар на еден од моторите, додека во другиот леталото ја промашило пистата и запрело со „носот“ во тревата.

Во двата инциденти, што се случија утринава во 08,30 часот по британско време, две лица се повредени само во авионот што не успеа да запре на пистата.

Двајцата патници со полесни повреди се префрлени во болница.

Првиот инцидент бил многу посериозен, откако пилотот на малата компанија „Блу Ајленд“ побарал од управата на аеродромот Саутенд, источно од британскиот главен град, дозвола принудно да слета, затоа што едниот мотор е зафатен со пламен.

Пожарот избувнал на средината од летот на авионот на неговата линија од островот Џерси во каналот Ламаш до лондонскиот аеродром Сити.

Аеродромот Саутенд го очекуваше леталото со подготвени спасувачки екипи и противпожарни бригади, но пилотот успеа безбедно да слета со еден мотор, откако претходно било спречено огнот да се рашири.

Ниту еден од 28-те патници и членови на екипажот не се повредени во овој сериозен инцидент.

Инцидентот со авионот што наместо пред пристанишната зграда, заврши во тревата, се случи на аеродромот Сторнвеј на островот Луис, северозападно од брегот на Шкотска.

Авионот на компанијата „Флај-Би“ полетал од Глазгов за овој одалечен остров.

Аеродормоските власти отворија истрага за инцидентот со малиот авион од типот „Сааб 340“, но некои од патниците изјавија за локалните медиуми дека леталото било наеднаш зафатено од силен бочен ветар и било „отурнато“ од пистата.

При таквото слетување се скршило предното авионско тркало, па авионот останал со „носот“ во тревата.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца