Русија покани 28 сириски опозициски лидери на средба во Москва

Од:

Русија покани 28 сириски опозициски лидери на средба предвидена за втората половина на јануари, која ќе биде подготовка за евентуалниот дијалог со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави претставник на опозицијата во егзил, јави БТА.

– Дваесет и осум опозиционери добиле покана за средба, планирана да се одржи во Москва, изјавил изворот, кој побарал анонимност.

Меѓу поканетите е и Хади ал Бахра, лидер на Националната опозициска коалиција во егзил, која е поддржана од Западот, како и двајца поранешни раководители на коалицијата, Муаз ал Хтиб и Абдел Басет Сида.

На листата поканети се и претставници на внатрешната опозицијата, која е толерирана од режимот во Дамаск, како Хасан Абдел Азим, Ареф Далила и Фатех Џамус. Поканет е и Кадри Џамил, поранешен сириски вицепремиер, кој има добри односи со Москва.

Изворот не наведе дали поканетите опозициски лидери прифатиле да заминат за Москва.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на функционер во Русија, тројца мртви

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска