Секој втор жител во светот, дури 53 отсто, очекува дека 2015 година ќе биде подобра од претходната кога станува збор за економските очекувања, покажуваат резултатите од истражувањето на ВИН-Галуп Интернешнал.
Студијата, која е спроведена во 65 земји од светот, покажала и дека мнозинството (70 отсто) граѓани во светот го сметаат крајот на 2014 година за среќен.
Најсреќни се жителите на Фиџи (93 проценти), а најмалку среќни се Грците (25 отсто).
Меѓу најголемите песимисти во економските очекувања се Малезија (61 отсто) и Франција (57 проценти), додека најголеми економски оптимисти се жителите на Нигерија (80 отсто), на Мароко (70 проценти) и на Фиџи (68 отсто).
Светските очекувања од 2015-та се истражени во рамки на меѓународната студија „Крај на годината“, која оваа организација ја спроведува кон крајот на секоја година.