Машките фетуси трошат повеќе енергија, покажа анализата на над 68 милиони бремености во САД во периодот од 1990 до 2012 година.
Резултатите од анализата покажаа дека жените, кои за време на бременоста добиле помалку од девет килограми, раѓале помал број машки деца отколку женски, во споредба со жените кои во текот на бременоста добиле повеќе од девет килограми.
Имајќи предвид дека со намалувањето на добиените килограми бројот на машките деца мошне праволиниски опаѓал, се смета дека овие две варијабли се директно поврзани.
Во текот на истражувањето е забележано дека во шесттиот месец од бременоста стапката на смртност кај машките фетуси била многу поголема кај жените, кои добиле помалку килограми.
Ова поле треба дополнително да се истражи со цел да се увиди дали бремените жени имаат поголеми енергетски потреби кога носат машки деца, со цел за евентуално одредување на нутритиентите, кои можат да ги зголемат шансите за преживување на фетусот.