(ВИДЕО) Груевски: На Македонија и се потребни квалитетни професори, кои нема да се мерат со колумни и бистрење политика

Од:

Премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање ја означи 2014 како успешна година и покрај многуте предизвици и проблеми, а 2015 како уште поуспешна со најава за инвестиции од 25 компании.

Според Груевски, изминатата година кога се случиле многу успеси-трет највисок раст на екомомијата во Европа, зголемениот извоз од речиси 20 отсто, изградба на локални и регионални патишта, изградба на железничката пруга кон Бугарија, намалена невработеност на 27,9 насто, раст на индустриското производство за 5,2 проценти односно петти највисок раст во Европа.

-Сите овие фактори и показатели очекуваме да продолжат и во 2015-та. Донесувањето на странските компании, иако на почетокот критикувано од опозицијата, се покажа како полн погодок. Тие дадоа нов импулс на нашата економија, но и на многу постоечки македонски компании кои станаа нивни партнери или добавувачи. Тоа ме чинеше многу труд, време, енергија, напорни патувања, и мене и мојот тим за привлекување инвестиции, но се исплатеше, вели Груевски.

Тој се осврна и на реформите во образованието.

-Втората крупна реформа е поврзана со високото образование, нешто што деновиве е многу актуелно. Со неа се предвидува, дека почнувајки од 2018-та, секој професор ќе треба да издава најмалку два труда во пет години во реномирани меѓународни списанија со фактор на влијание, објавени на листата на Томсон Ројтерс – веб оф саианс. Ова предизвика вознемиреност кај дел од македонските професори, која резултираше и со протести, но на Македонија и се потребни квалитетни професори и напредни научници, кои својот квалитет нема да го мерат само локално меѓу себе преку колумни низ дневните весници и бистрење политика, туку меѓународно со своите колеги од сите напредни држави. Ова на краток период ќе го наруши нивниот комодитет, но долгорочно сите добиваме. И со оваа мерка, доколку целосно се спроведе, Македонија повторно ќе остане меѓу последните во Европа според бројот на меѓународно признати трудови на македонските научни работници и професори, но од некаде мора да се почне. Да не бидам погрешно разбран, факт е дека ние во моментов имаме меѓународно конкурентни професори, но нивниот број не е голем, и тоа е предизвикот пред нас. Споредбите со Словенија и другите земји во регионот, каде имаат по 10 пати повеќе научни трудови, говорат се. Не сакам ни да помислам во овој момент да правиме споредба со земјите надвор од регионот како Германија, Франција или Америка.

Другата значајна реформа е државниот испит, кој треба да стави крај на купувањето дипломи без знаење, на корупцијата на факултетите, на добивањето оценки без знаење што е на штета на самите студенти, но и на целото општество. Македонија нема избор, освен својата иднина да ја позиционира и базира на знаење и креативност. Не можеме иднината да ја базираме на некои огромни резерви на нафта или на природен гас или други рудни богаства, ниту пак на илјадници километри морски плажи, ниту пак на било што друго што го немаме. Ги имаме нашите умови и само со реално и меѓународно конкуретно знаење, интерактивна настава базирана на развој на креативноста и претриемничкиот и иноваторски дух можеме да очекуваме поголеми успеси и поголема среќа, како индивидуално, така и колективно како држава.

Според Груевски, во 2015-та година ќе продолжат напорите за зачленувањето во НАТО и ЕУ.

-Опозицијата, која во 2014-та година доживеа еден од најтешките порази во нивната историја, се надевам дека во 2015-та ќе извлече поука од сопствените грешки и ќе ја разбере пораката на народот. Од нас ќе има подадена рака за соработка секогаш, затоа што тоа е од интерес за нашата држава и за нашиот народ, за демократијата и за иднината. Со гнев, со злоба, без идеи и проекти, со неумесни условувања, со манипулации и интриги не се освојува поддршката на граѓаните. Напротив, со многу труд, работа, посветеност, искреност и креирање добро обмислени и пресметани идеи корисни за сите граѓани, порачува Груевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on