Могерини: Гласањето во ОН ја покажува потребата за преговори

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави синоќа дека гласањето во Советот за безбедност на Обединетите нации ја потенцира потребата Израел и Палестинците итно да ги обноват преговорите.

Советот за безбедност не ја усвои резолуцијата, која ја поддржаа Арапите, а која би го отворила патот за палестинската држава со главен град источен Ерусалим. САД гласаа „против“, откако истакнаа дека во документот е земена предвид загриженоста на Израел за безбедноста.

Резолуцијата даваше рок од една година за постигнување конечна мировна спогодба меѓу двата народи и повика на целосно израелско повлекување од палестинските територии до крајот на 2017 година.

– Гласањето уште еднаш ја истакнува итноста за обновувањето на суштинските преговори меѓу страните и потребата меѓународната заедница да се фокусира на конкретните достигнувања, да се постигне конечно решение, истакна Могерини преку соопштение.

Франција и Луксембург ја поддржаа резолуцијата, а Велика Британија остана воздржана. За да биде усвоена беа потребни минимум девет гласови „за“, а за неа гласаа осум од 15 земји.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ