И професорот Ванчо Ѓорѓиев демантира дека е „за“ државен испит

Од:

Професорот на Филозофскиот факултет, Ванчо Ѓорѓиев кој се најде на листата од 180 професори кои го поддржуваат реформите, потврдува дека останува на ставот на ректорската управа и сенатот за државниот испит.

Почитувани колеги,

Ве информирам дека своите ставови во врска со престојните законски реформи ги имам елаборирано на седниците на Институтот за историја. Истите се преточени во писмо до деканатот на Филозофски факултет (Види прилог, стр. 17), од каде што се препратени до ректоратот на УКИМ, и затоа стојам зад одлуката на ректорската управа и сенатот.

Притоа, сакам да истакнам дека од секогаш се залагам за подобрување на квалитетот на образованието и за институционално дејствување и решавање на сите прашања во врска со високото образование.

Со почит, Ванчо Ѓорѓиев

Страна 17 гласи:

1. Институтот за Историја е целосно посветен на обезбедувањето квалитетно образование за своите студенти, и во таа смисла ќе ја поддржи секоја обмислена, системска и логична реформа на образовниот систем во РМ, особено на високото образование; сметаме дека дел од досегашните реформи се донесени избрзано и парцијално, со што наместо да го кренат квалитетот на образованието, придонесоа да се најдеме во сегашната состојба.

2. Цениме дека и предложениве реформи се избрзани и не се потпираат врз методолошки издржана сондажа и анализа на состојбите; напротив, тие се засновани врз одредени странски модели кои треба да се и имплантираат кај нас, а се крајно несоодветни како за нашето општество, така и за нашата образовна традиција, нашиот потенцијал и материјалните услови. Тие се потпираат врз механичка имплементација на одредсни рангирања изработени со сосем поинакви цели и намени, одошто е реформата на нашиот образовен систем.

3. Во ниту едно од предложените законски решенија не се земени предвид специфичностите на наставата и предметот на истражување ниту на секој поодделен факултет, ниту пак на Институтите кои ги сочинуваат. Се предлагаат исти системски решенија и за природните, и за техничките, и за општествените науки, кои во никој случај не можат да се третираат истоветно.

4. Предложените законски одредници ја предимензионираат улогата на МОН и БРО, а ја минимизираат улогата и стручните и научните компетенции на Наставничките совети и Факултетите, дури и на Ректоратот. Со тоа, се прави директен упад во автономијата на Универзитетот, пропишана и загарантирана со Уставот на РМ.

5. Од досега изложеното може да се констатира дека единствена последица од предложените законски измени ќе биде крајно деградирање на образовниот систем во целина, на македонската научна мисла и на македонските научни и стручни работници.

б. Бараме од Деканатот на ФзФ јасно и недвосмислено да му ги пренесе на Ректоратот на УКИМ овие ставови на Институтот.

7. Бараме од Ректоратот и, особено, од Ректорот на УКИМ јавно да застане во одбрана на угледот и интегритетот на Институцијата и на сите вработени во неа.

8. Бараме од Предлагачот да ја стопира постапката за донесување на овие законски измени.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири