Анонимуси, Индијци, секретари во поддрршка на државниот испит

Од:

Иако се очекуваше порано да се појават контра-професори, сепак се појави листа на само 185 професори, наспроти 400 професори кои се против државен испит.

На листата со поддржувачи на државниот испит нема ниту еден потпис на професор. Освен десетина, сите останати се анонимуси и непознати за јавноста,a уште помалку каде и што предаваат. Нема информации и за импакт факторот.

Па така на листата се најде потпишан како професор и Зоран Ѓорѓески- генерален секретар на Универзитетот за туризам и менаџмент.

zoranGorgeski-gs

На листата е и Нираџ Гупта, веројатно како поддршка од Индија за зголемување на бројот на професори.

neeraj-gupta

А1он стапи во контакт со дел од професорите на листата и потврдија дека нив никој и не ги прашал дали треба да се на листат и дека воопшто не се за државен испит. Затоа и објаснуваат дека нема потписи до имињата на професорите, со оглед дека едвај половина листа ќе биде потпишана.

ratkoduev

-Одговорно тврдам дека не сум потпишал никакво писмо, моите сугестии и белешки за законските измени преку Институтот беа доставени до Факултетот и затоа и стојам зад одлуките на ректорската управа и сенатот, реагираше еден од професорите на листата на својот фејсбук профил.

Освен професори кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ, како Љубиша Георгиевски, Валентина Божиновска, Виктор Камиловски, има неколку професори кои често истапуваат во одбрана на владата за секоја тема, како Татјана Каракамишева. Пошпишани се и Саво Климовски со неговиот син, како и Бојо Андревски со неговата ќерка.

Магдалена Андоновска, од факултетот за туризам на Аце Миленковски, инаку сестра на Ирена Мишева, која е трет мандат претседавач на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Родна Живковска, која беше избрана за судија во Врховниот суд, но се повлече зошто не ја доби и функцијата претседател на судот.

Весна Јаневска, пратеник од ВМРО-НП, која ги смени партиските бои во ВМРО-ДПМНЕ.

На списокот е потпишана и Устијана Р. Шикоска, која беше Проректор на Универзитетот „Св. Апостол Павле”, а која беше споменувана во афера со плагијат, а подоцна беше сменета од Нинослав Марина.

Поддржувач на државниот испит е и Јордан Шикоски, нејзин сопруг, Гордана Речкоска, нејзина мајка која е во пензија и Ристо Речкоски, нејзин брат од Правниот факултет во Кичево.

Би можело да ве интересира

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Студентското собрание бара дополнителните трошоци да не бидат на товар на студентите

Српското Обвинителство бара притвот за насилниците кои истепаа студенти

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Демонстрантите со жива музика се веселат во Автокоманда

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски