Грчките власти соопштија дека товарен брод, за кој се претпоставува дека превезува стотици имигранти, испратил сигнали за помош северозападно од јонскиот остров Крф.
Властите наведoа дека грчката фрегата, која била во реонот и два хеликоптери на воената морнарица се упатиле кон местото.
Бродот, за кој се претпоставува дека пренесува илегални имигранти плови под знамето на Молдавија.
Според грчката телевизија „Скај“ бродот побарал помош поради лошите временски услови.
Претходно, грчката државна телевизија јави дека патнички брод испратил сигнали за помош во близина на брегот на грчкиот остров Крф поради присуство на вооружени лица.