(ВИДЕО) СДСМ: Цели реони се без струја, власта се крие

Од:

„Во темно, повеќе од 48 часа, се жителите на 10- на села во општина Могила.

Струја од неделата нема во Ивањевци, Новоселани, Подино, Лознани, Свето Тодори, Трновци, Вашарејца, Ношпал. Струја нема и во Маврово Ростуше.

Од сабајле има испади на далекуводите на МЕПСО кај Вруток Тетово“, изјави на денешната прес-конференција Атанаско Тунески, член на Комисијата за енергетика на СДСМ.

„До Комисијата за енергетика на СДСМ синоќа стигна информација од Вевчани дека и таму жителите два дена се без струја. Луѓе стравуваат дека ќе бидат без струја и наредните денови поради дефект на далновод помеѓу Струга и Дебар.

Информациите со коишто располагаме говорат за веќе направени рестрикции на струја во скопски општини. Ова власта го крие.

Иако од МЕПСО и од власта излегуваат утешителни вести за поправки на некои далноводи, сепак електро – системот е исклучително нестабилен.

Меѓу позасегнатите се НОВАЦИ, МОГИЛА, ВЕВЧАНИ, ЧАШКА, СТРУГА, ОХРИД коишто се речиси 2 дена без електрична енергија.

Најмалку што можеше да направи МЕПСО вчера е да ни се извини на нас граѓаните за катастрофалните барок политики со коишто заедно со власта го клекнаа на колена  електро – енергетскиот систем во земјава, поради што голем дел од Македонија е во ризик да остане без струја. Требаше да падне првиот снег и температурата да се спушти на само -2, за да се видат наводните инвестиции на дело.

Дополнително прашуваме:

Зарем и СТОЛБОТ на електро – енергетскиот систем на државата, РЕК Битола, е доведен до колапс?

Дали ситуацијата е повеќе од алармантна?

Според нашите информации еден блок од РЕК сеуште не е во функција, а третиот беше надвор од системот повеќе од 24 часа и власта тоа го криеше од граѓаните.

Досега не се памети година кога од РЕК Битола се произведени помалку од 3.000 GWh електрична енергија.

Нашите очекувања се, за жал, дека оваа година Македонија ќе ја заврши со рекордно ниско производство на електрична енергија.

Еве го Диспечерскиот Извештај од АД МЕПСО. Во месец ноември 2014 година во РЕК Битола се произведени 42 процента помалку струја од планираните количини.

Тоа се 80 милиони евра дополнителни пари на грбот на граѓаните на Македонија, за увоз на електрична енергија.

СДСМ со години апелира за лошите политики на власта на Никола Груевски. Сега бараме Груевски лично да излезе и да им признае на граѓаните:

-Дали ова што се случува деновиве е почеток на распад на електро-енергетскиот систем во Македонија“, праша Атанаско Тунески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Герасимовски: Инвестиравме над 13 милиони евра во Центар, за градинки, училишта, улици, хигиена

СДСМ: Мицкоски и неговите соработници се заплеткани во бугарски бизнис интереси

(ВИДЕО) Ристески: Доста беа лаги и празни ветувања – време е за промени во Аеродром

Горан Наумовски

Герасимовски: За две години засадивме 2.000 високо стеблести садници зеленило

Горан Наумовски