Дочекот на Новата година на виенските трговци и угостители ќе им донесе значителни приходи, што годинава се проценуваат на околу 63 милиони евра, пренесува Танјуг.
– Новогодишната ноќ претставува убав крај на годината за трговците и угостителите, оцени Јозеф Бицингер, претседател на секторот за туризам во Стопанската комора на Виена.
Според проценките на Стопанската комора на Виена за дочекот на Новата година ќе се потрошат околу 63 милиони евра. Мажите во просек ќе потрошат 52 евра, а жените 43 евра за прослава на Новата година.
Жителите на Виена новата година најчесто ја дочекуваат во кругот на семејството, околу 46 отсто или на приватни забави, околу 33 проценти. Околу 17 отсто во жителите на Виена сакаат новата година да ја дочекаат на јавно место во ресторан, дискотека, бал, концерт, театар или на отворено во центарот на градот.