Ненад Чанак, лидерот на социјалдемократите на Војводина и досегашниот пратеник, доколку биде осуден за насилничко однесување му се заканува казна и до 5 години затвор.
Според српскиот закон, казната за полесен облик на насилничко однесување е од 3 месеци до една година затвор. За потежок облик на насилство казната е од 6 месеци до 5 години затвор.
Потежок облик на насилство е кога е извршено во група или ако е поврзано со нанесување телесни повреди. Кај Лешановиќ кој беше претепан од Ненад Чанак и од неговото обезбедување е утврдено дека има скршеници на две ребра, што не беше откриено при првиот преглед во белградската болница.