Шојбле апелира Грција да продолжи со реформите

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле предупреди Грција да не застранува од патот на економски реформи и додаде дека секоја нова влада треба да се придржува кон ангажманите, преземени од актуелниот кабинет на Андонис Самарас.

– Тешките реформи дадоа плод и тие немаат никаква алтернатива, истакна Шојбле, откако грчките пратеници предизвикаа предвремени избори со тоа што не успеаа да изберат нов претседател, посочи Шојбле.

Тој наведе дека ќе продолжи помошта за Грција на патот на реформите и оти Атина не треба да избере друг пат.

По неуспешното гласање во Парламентот за претседател, премиерот Самарас предложи предвремените парламентарни избори да се одржат на 25 јануари.

Опозициската партија Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА) која бара ревизија на договорот на Грција со Европската унија и со Меѓународниот монетарен фонд, според анкетите има најголем рејтинг.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит