Претставници на Професорскиот и Студентскиот Пленум во Собранието доставија барање што ќе им биде поделено на сите пратеници, да ги отфрлат измените на Законот за високо образование и да се организира широка јавна расправа.
Тие велат дека Законот е штетен и дека директно задира во автономијата на Универзитетите.
Доколку ова не се случи бараат претседателот Иванов, кој воедно е и професор да стави вето на Законот и да не го потпишува.
Професорката Катерина Колозова рече дека имаат се поголема поддршка од реномирани светски професори и Универзитети.
„Со јавноста сакаме да ги разбиеме теориите за комплоти и разноразни планови“, рече Колозова.