(ВИДЕО) Ванковска: Студот и притисоците нема да не избркаат од пред Собрание

Од:

Професорката Билјана Ванковска посочи дека денеска претставниците на Храмот на науката и знаењето, професорите и студентите стојат пред Храмот на демократијата.

Двата храма, рече, досега не најдоа начин за дијалог кој ќе доведе до заедничко решение.

„Досега сите обиди да се разговара со надлежните останаа без резултат. Затоа стоиме овде, на овој студ, пред Собранието. За некои тоа е навредливо, а за мене не е затоа што испраќаме порака до Владата да го повлече Законот и во наредните три месеци да се разговара за ново законско решение“, рече Ванковска.

Таа ги отфрла инсинуациите од премиерот дека само оние професори кои немаат објавено научни трудови во странство, протестираат. Им посочи да ги погледнат нивните биографии и објавени дела.

На свеста на пратениците ќе биде ако изгласаат ваков Закон.

„Нас не не засега само државниот испит, туку целиот образовен систем. Студот и притисоците нема да не избркаат од пред Собрание. Подготвени сме и на граѓанска непослушност“, рече Ванковска.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот