Чешката економија расте за што придонесуваат сите компоненти на бруто домашниот производ (БДП), со исклучок на нето-извозот.
Ова, како што јави дописникот на МИА од Прага, произлегува од денешното соопштение на Чешката народна банка (ЧНБ).
Во споредба со претходната година, забележано е намалување на невработеноста, обновување на растот на платите и зголемување на новосклучени кредити.
Според ЧНБ, режимот на девизни интервенции нема да запре пред 2016 година. Но, истовремено чешката Централна банка предупреди дека во случај на долгорочно зајакнување на притисоците за пад на цените, може да дојде до опаѓање на домашната побарувачка и систематско намалување на очекуваниот пораст на инфлација, како и обновување на ризикот на дефлациски развој на домашната економија. Тоа ќе значи потреба за натамошно слабеење на националната валута, круната.
ЧНБ, повторно одлучи и во наредниот период да ги остави каматните стапки на историски најниското ниво.