ВИДЕО: Доколку го изгласа законот, Собранието ќе биде партиска школа, а не Храм на демократијата

Од:

Започна отвореното заседание на Професорскиот и Студентскиот пленум пред Собранието на Република Македонија.

Се дискутира за на претстојните масовни демонстрации на незадоволство и револт, како и начинот на организиран отпор кон предложените штетни измени во образованието.

predsobraniePlenum

Владимир Мартиновски во име на Студентскиот и Професорскиот пленум, побара повлекување на Законот за високо образование, нови решенија и јавна расправа за нив.

Иако уредно побарале, спикерот Трајко Вељаноски не им дозволил да присуствуваат на комисиската расправа.

predsobraniePlenum1

Пратениците ги повикаа денешната собраниска расправа да ја прекинат.

„Само нов закон може да биде решение. Ако Собранието сепак изгласа закон не по барање на граѓаните, туку по терка на Владата, тогаш ќе го урне легитимитетот и ќе биде Партиска школа, а не Храм на демократијата. Го повикуваме претседателот Ѓорге Иванов да собере храброст и да каже „не“ за ваков закон. Ако и ова не се случи, тогаш ни останува граѓански отпор. Затоа ве повикуваме да ги слушнете нашите барања. Ги упатуваме не како на угнетувачи, туку како на избрани лица од народот“, се вели во писмото до пратениците од Професорскиот и Студентскиот пленум.

 

Би можело да ве интересира

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата