Ролнички со крем од ванила

Од:

Неверојатно вкусни и декоративни кремасти колачи …

Потребно е:
за ролничките:
500 гр замрзнато лиснато тесто
путер за премачкување на калапите
1 јајце

за кремот:
1 пакетче желатин
50 мл вода
500 мл млеко
1 прашок за пудинг од ванила
1 лажица нишесте
3 жолчки
150 гр шеќер
1 ванилин шеќер
200 мл слатка павлака

шеќер во прав, за посипување
24 специјални калапи за ролнички

Ролнички со крем од ванила2

Подготовка:
– Прво подгответе ги ролничките. Одмрзнатото лиснато тесто развлечете го на набрашнета работна површина. Од секој дел од тестото треба да добите 12 ленти (значи вкупно 24 ленти).

– Калапите за ролничите премачкајте ги со путер и на секој замотајте по една лента.

– Така подготвените ролничи наредете ги во тава претходно обложена со хартија за печење. Премачкајте ги со разматено јајце и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.

Ролнички со крем од ванила1

– Кога ќе бидат печени, уште врели тргнете ги од калапите и оставете ги да се изладат.

– Сега преминете на подготовка на кремот. Ставете го желатинот во еден сад, посипете го со 50 мл ладна вода и оставете го да набабри 10-тина минути.

– Во сад на рингла ставете да се вари околу 400 мл млеко.

– Прашокот за пудинг и нишестето помешајте ги со преостанатото млеко.

– Во друг сад пенесто изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер. Во ова додадете го разматениот пудинг со нишесте и убаво измешајте. Полека сипете го врелото млеко со постојано мешање. Садот ставете го на рингла и варете  додека не се згусно, со постојано мешање.

– Тргнете го садот од рингла, додадете го желатинот и полека мешајте додека не се растопи.

– Оставете го кремот сосем да се излади и потоа во него додадете ја изматената слатка павлака. Кремот ставете го малку во фрижидер да се стегне. Префрлете ја во готварски шприц или пак во готварска кеса за украсување и со неа исполнете ја внатрешноста на ролничките.

– Готовите ролнички посипете ги со шеќер во прав и послужете ги.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава