Пред Собрание во 11 часот отворено заседание на Студентскиот и Професорскиот пленум

Од:

Денеска во 11 часот ќе се одржи отворено заседание на Професорскиот и Студентскиот пленум пред Собранието на Република Македонија.

На заедничкото заседание ќе се дискутираат прашањата за организирање на претстојните масовни демонстрации на незадоволство и револт, како и начинот на организиран отпор кон предложените штетни измени во образованието.

На овој настан на народните избраници ќе им се достават писмата на професорите од Македонија, писмото на странските професори и писмото на студентите со кои се искажуваат аргументите за нивното неприфаќање на предложените измени и дополнувања на Законот за високото образование.

Отворањето на постапката на пленарна седница на Собранието на Република Македонија во спротивност со јавно искажаниот став на најзасегнатите од овие промени, за нив е неприфатлив и недемократски чин и затоа најавуваат уште поголема мобилизација и масовно противење на ваквиот начин на носење на одлуките.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата

Рубио: САД ќе ги поништуваат визите за кинеските студенти