Произведувачот на луксузни автомобили „Ферари“ најави аукција, чиј приход ќе биде наменет за отстранување на штетите од земјотресот во Североисточна Италија.
„Ферари одлучи да започне со собирање пари за помош на жртвите од земјотресот, преку големата он-лајн аукција во која ќе може да учествуваат луѓето од цел свет“, соопшти компанијата.
На аукцијата ќе се најдат единствени примероци како „Ferrari 599XX Evo“.
На продажба ќе биде и болид на Формула 1 со мотор В8, кацига и тркачки комбинизони од возачите на „Ферари“, Алонсо и Фелипе Маса.
Седиштето на „Ферари“ се наоѓа во гратчето Маранело, каде беше епицентарот на земјотресите во кои минатата недела загинаа 23 лица.