Сара Хектор од Шведска е победничка на денешниот велеслалом што се одржа во Кутаи. Таа во двете трки имаше најдобро време 2:17.61 минути и за само 9 стотинки беше побрза од Ана Фенингер од Австрија, а за 18 стотинки од Микаела Шифрин од САД.
Водечката во пласманот за велеслалом Ева – Марија Брем од Австрија го освои 4.место и со вкупно 270 бодови е на чело во оваа дисциплина, пред сонародничката Фенингер, која има 242 бода.
Во генралниот пласман прва е Словенката Тина Мазе со 692 бода, а Фенингер е втора и во оваа конкуренција со 487.