Кембел: Заврши мисијата на меѓународните сили во Авганистан

Од:

Американскиот командант на меѓународните сили во Авганистан, денеска, на церемонија во Кабул, по повод формалното завршување на воените операции на НАТО во оваа земја, ги пофали достигнувата на коалицијата во 13-годишната борба против талибанците, .

-Заедно го кренавме авганистанскиот народ од мракот и очајот и му дадовме надеж во иднината, рече генерал Џон Кембел пред насобраните војници на НАТО.

„Авганистан го направивме посилен, а нашата држава побезбедна“, додаде Кембел, пренесуваат француските медиуми.

Меѓународните сили за помош во безбедноста (ИСАФ), на кои од почетокот на мисијата во 2001 година им загинаа 3.485 припадници, од 1 јануари ќе биде заменета со НАТО мисија за „обука и поддршка“.

Церемонијата се оддржа во тајност заради заканите од талибанските напади во авганистанската престолнина, која во изминатите години беше цел на повеќе самоубиствени бомбашки и вооружени напади.

Со неа завршува постепеното предавање на одговорноста на авганистанските сили, кои сега бројат 350.000 војници, а од средината на минатата година се задолжени за безбедноста во земјата.

Неодамнешните крвави напади, меѓутоа,  ги потокопуваат тврдењата дека слабее екстремизмот во Авганистан и ги засилува стравувањата дека оваа држава се соочува со нов бран насилство, наведуваат француските меидуми.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски