(ВИДЕО) Атанасов: Груевски се изгуби

Од:

„Премиерот Никола Груевски се изгуби, не можејќи да се помири со масовното студентско НЕ, што ја дигна на нозе речиси целата академска јавност.

Прво Груевски, воден во се што прави од лични или тесно партиски интереси, не можеше да разбере зошто студентите за коишто не важи т.н. државен испит, протестираат“, рече на денешната прес-конференција Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование и наука.

„Но, вчера Груевски се надмина себе си во очајниот обид да најде оправдување, како се случи, најголем дел од професорите на факултетите и универзитетите да им се придружат на студентите, па дури, одлуките на неговата власт да ги отфрли и Ректоратот на Св. Кирил и Методиј.

По нападите врз студентите, вчера на тапет дојдоа професорите – протестирале зашто се плашеле од научни трудови?! Тоа е исто како да кажете дека докторите се плашат од грип.

Власта на Никола Груевски изненадено ѕирка од прозорците и не сфаќа што им се случува во општеството. Државата ја контролираат, но општеството не им е послушно.

Нивниот одговор е да бидат глуви и слепи за да не ги видат и не ги слушнат студентите од кои бегаат и професорите кои се солидаризираа во битката против катастрофата што му се подготвува на високото образование. Штетите ги направи власта а не професорите!

Трите аксиоми на сите законски предлози на власта, што се во собраниска процедура, се: желба за контрола врз вработените во основните и средните училишта, преголема продукција на закони во коишто никој не може да се снајде и измислување некакви и секакви комисии најчесто заради притисок врз вработените, како и измислување услови што не е точно дека се европски ниту, пак, светски вредности. На тој начин сакаат да ги држат покорни и студентите и професорите. Тоа им беше целта, што им ја расипува разбудената општествена свест и елементите на отпор во општеството.

Небулозите, наречени предлог законски решенија се во најголем дел апсурдни, неконзистентни и паушални. Кој може да нормира 5 секунди интервенција на тестатор? Зошто мора сè да се снима како во реално шоу? Ова сè е еден лош сон. Се предлага т.н државен испит, писмен тест, истовремено воведувајќи повторно устен испит, поради, како што констатираа, “аномалиите“ на писменото полагање според Болоња. И замислете, Владата ќе одлучува за почеток со годишната редовна работа на докторските студии.

На студентите, или идните студенти, им е јасно дека со измените им се ускратува уставно загарантираното право на образование. Дури излегоа и различни верзии на измените што ги добил Ректоратот од тие во Собрание, па и дека т.н државен испит сепак ќе важел и за сегашните генерации, за студентите кои повторуваат година.

Илјадници професори и наставници, со измените на власта, постојано ќе мора да плаќаат за обуки, тестирања и лиценци и за некакви тестови на личност и тестови за интегритет. Со еден удар власта сака и контрола и полн буџет.

Вакво малтретирање на наставниот кадар чијашто работа е посветеност во воспитно-образовниот процес, е досега невидено.

Како капак на се е следниот гест. Предлогот на законот за изменување на Законот за високо образование, кога беше ставен на Веб страницата на Министерството за образование, во член 167-в имаше само една казна, од 5.000 евра. Кога Законот стигна до Собранието, казните се веќе проширени и надградени со глоби од 10.000 до 30.000 евра, во денарска противвредност, и забрана за дејност ако високообразовната установа издаде диплома без претходно да се положи т.н државен испит, или му дозволи полагање испити на студентот од трета година без претходен државен испит по втора година. Одговорното лице, пак, на високо образовната институција кое ќе ги стори, според власта на Груевски овие “зла“, ќе се казни со затвор од 1 до 3 години.

Ете, лудилото на власта влезе во нова фаза.

Но, во секое зло има и нешто добро. Излегоа на виделина неспособноста на власта да води квалитетен образовен процес, како и неодржливоста на форсирањето студентско организирање под контрола на власта.

Студентите и професорите кажаа Доста е, на што се придружи најголем дел од јавноста. Власта на Груевски нема избор, ќе мора да ги отвори и очите и ушите, затоа што од сето ова, назад НЕМА“, рече Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование и наука. 

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ