Запленета марихуана на наплатната во Гостивар

Од:

Над пет килограми марихуана се запленети на наплатната станица Гостивар, соопшти МВР.

– Утринава околу 1 часот и 45 минути на наплатната станица Гостивар, од страна на полициски службеници било сопрено возило “Голф” со скопски регистарски ознаки управувано од Р.С. (22) од село Инџиково, скопско, кое се движело во правец кон Тетово. При преглед на возилото, во багажникот, во просторот наменет за резервна гума, биле пронајдени вреќа и торба во кои се наоѓале три односно две поголеми пакувања со непозната тревкаста материја, најверојатно наркотична дрога „марихуана”, се наведува во соопштението.

Поради сомение дека се работи за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, лицето е лишено од слобода а извршен е увид на местото на настанот. По целосно документирање и расчистување на случајот против Р.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Акцијата е спроведена во рамки на оперативната акција „Мрежа“ во којашто досега кривично се пријавени околу 160 лица, а запленети се над 520 килограми разни видови дроги. 

Би можело да ве интересира

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он