Нов контингент на АРМ испратен во мисија во Авганистан

Од:

Нов контингент на АРМ денека од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје беше испраен во мисијата „Одлучна поддршка во Авганистан“.

На свеченоста по повод испраќањето на 38-те мировници присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.

– Ние сме горди што АРМ во Авганистан, во рамките на новата мисија „Одлучна поддршка“ испраќа одлично обучени војници, кои поставените задачи ќе ги извршат со највисок квалитет, со што даваме несомнен придонес кон светскиот мир и стабилност, истакна министерот Јолевски на свеченоста по повод испраќањето на контингентот.

Јолевски додаде дека Македонија досега има добиено највисоки оцени за нејзиното учество во меѓународните мировни мисии, а резултат на тоа е и позицијата заменик-командант на командата на Кабул, која во новата мисија е доделена на висок офицер од АРМ.

– Тој факт покажува дека сме квалитетна и високо ценета Армија, а сето тоа придонесува и кон натамошно претставување на аргументите зошто Република Македонија треба да биде дел од НАТО, рече Јолевски.

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, во своето обраќање на мировниците им го честиташе изборот и им посака успешна мисија и добро здравје.

– Не заборавајте дека ние сме тука за вас, за вашите семејства, секогаш кога има потреба, рече генерал Котески.

Дека припадниците на Армијата кои заминуваат на оваа задача се целосно подготвени потврди и капетанот Маријан Гугуљанов, кој посочи дека уште еднаш, како и досега, ќе се прикажат вистинските знаења и способности на припадниците на Армијата на Република Македонија.

Република Македонија во рамките на новата мисија ќе учествува со 38 припадници на Армијата. 20-те припадници на АРМ кои денеска беа свечено испратени ќе бидат дел од обезбедувањето на командата на мисијата, задача која и досега ја извршуваа припадници на АРМ, во рамките на мисијата ИСАФ. Неодамна беа испратени и 13 штабни офицери, во чии рамки е и заменик-командантот на командата на главниот град, Кабул.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната