Меѓународните сили предводени од НАТО по грешка убиле тројца цивили во воздушни напади во Авганистан, соопштија денеска авганистански службеници.
Инцидентот се случи на помалку од една недела пред повлекување на коалициските сили од Авганистан, по 13 годишна мисија.
Цивилите се убиени во своите домови во провинцијата Логар, јужно од Кабул.
Најмалку 3.188 цивили се убиени во Авганистан годинава, покажуваат податоците на ОН, што е најголем број жртви од 2009 година, откако ОН собира податоци.