Русија ќе достави јаглен на Украина за решавање на проблемот со струја за Крим

Од:

Русија одлучи да достави 500.000 тони јаглен за еден месец на Украина, со цел да се реши енергетскиот проблем во земјата, изјави рускиот вицепремиер Дмитриј Козак, пренесува ТАСС.

Козак во интервју за телевизијата „Русија 24“, изјави дека ако биде склучен дополнителен договор Русија е подготвена да испорача уште 500.000 тони, односно вкупно еден милион тони.

Според него одлуката е донесена на барање на украинската влада. Енергенсите ќе бидат доставени по повластени услови, по исти цени, како и тие што важат за внатрешниот пазар во Русија.

Рускиот вицепремиер изрази надеж дека доставата на јаглен ќе го реши проблемот со снабдувањето со електрична енергија на Крим.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он