Хрватски пензионер ја украсил куќата со 1,5 милиони сијалички

Од:

Еден пензионер од хрватското село Чазма ги украсил својата куќа и нејзинoто опкружување со 1,5 милиони сијалички, со цел, како што изјави, на неговото семејство да му приреди незаборавна божикна атмосфера.

Осветлената куќа е дополнително впечатлива затоа што се наоѓа во слабо осветлен дел, со што, како што наведува американскиот магазин „Мешејбал“, се добива впечаток како „некој да го земал њујоршкиот Тајмс Сквер и да го преместил на ливада во Хрватска“.

Со околу 1,5 милиони сијалички накитени се куќата, амбарот, околните дрва, како и мостот и патеките кои водат кон блиското езеро.

– Во 2001 година започнав со 70.000 сијалички и од тогаш секоја година доставувам нови, изјави пензионираниот инженер.

Сепак, ваквото задоволство чини пари, па така сметката на ова семејство за потрошена струја за минатата година достигнала 11.100 долари.

– Не е евтино да влезеш во Гинис, вели хрватскиот пензионер, нагласувајќи дека не е исклучено во некоја од следните години со сијалички да ја осветли и блиската шума.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он