Членовите на мото клубот „Мечки“ во соработка со моторџиите од Скопје и Свети Николе по повод новогодишните празници го посетија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост под 18 години.
– Поделивме новогодишни подароци за корисниците на овој дневен центар, изјави Ивица Петковски од Мото клубот „Мечки“.
Ивица Благојевиќ, кој работи како психолог во Дневниот центар, истакна дека штитениците спектакуларно ја доживеале средбата со моторџиите.
Моторџиите ги посетија и децата со попреченост од основното училиште „Браќа Миладиновци“.
Клубот „Мечки“ годинава беше и иницијатор и заедно со „Еуробајкер“ донираше медицинска опрема, кревети, душеци и потрошен материјал за Општата болница од Куманово, Домот за стари лица и за кумановската градинка.