ДЗС: Состојбата на деловните субјекти понеповолна од лани и претходниот месец

Од:

Економската состојба на деловните субјекти минатиот месец била понеповолна во однос на октомври 2014 и ноември 2013, оценуваат раководителите.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, оценката за обезбеденоста на производството со порачки и за обемот на производството е понеповолна во однос на претходниот месец. Понеповолни се и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, како и очекувањата за бројот на вработените.

Во ноември 2014 година залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата.

Залихите на готовите производи во ноември 2014 година се намалени во однос на октомври 2014 година.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2014 година изнесува 61,2 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во ноември 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23,6 проценти, недоволната домашна побарувачка со 16,8, недостигот на квалификувана работна сила со 15,5 и финансиските проблеми со 10,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

Јордан Димитровски избран за Претседател на Управниот одбор на МАСИТ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ