(ВИДЕО) Професорски Пленум: Доколку власта нема слух, ќе спроведеме граѓанска непослушност

Од:

Професорите го кренаа својот глас и јасно кажаа „не“ за носење на измените во Законот за високо образование. Ова според нив е лош закон кој што ги собра и обедини во Професорски Пленум, за кој велат дека е конструктивна работа и доаѓа како резултат на предолгиот мир и неактивност.

„Ние треба да бидеме креатори на политиките и законите, ние треба да им нудиме на властите промени. Ова неформално собирање не е сплеткарство“, рече универзитетскиот професор, Огнен Чемерски.

Професорите, вели, имаат и етичка одговорност да не ги спроведуваат лошите закони.

Професорскиот Пленум доби писма со поддршка од над 100-тина интелектуалци и мислители и испрати писмо до Собранието.

„Веќе е воспоставена конструктивна комуникација и ние во иднина ќе бидеме двигатели на промените и нема да дозволиме да се усвои ваков неук и штур наметнат начин на промени. Доколку власта нема слух, ќе спроведеме граѓанска непослушност и ќе одбиеме да се спроведува Законот“, изјави Чемерски.

Професорот Игор Јовановски рече дека студентите им одржале лекција.

„Време беше да излеземе од топлите кабинети и спалните. и да се организираме во пленум“, рече Јовановски.

Поддршка дадоа и професорите Емин Сулејмани и Бујар Саити.

„Зошто излегов денеска? Навистина демократијата се учи. Веројатно сте чуле дека пред половина час Ректорската управа го препознала професорот во себе, а можеби и по нашето обраќање и донеле одлука потпишана од сите декани дека веднаш ќе бараат повлекување на Законот од Собранието“, рече професорот Гордана Сиљановска.

Би можело да ве интересира

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on