Јосиповиќ со комфорна предност пред претседателските избори во Хрватска

Од:

Анкетите на јавното мислење во Хрватска му даваат комфорна предност на актуелниот претседател Иво Јосиповиќ, кој е во трката за нов претседателски мандат на претседателските избори што ќе се оддржат во недела, информира ДПА.

Според анкетата на агенцијата Ипсос, спроведена на 19 декември, 57-годишниот Јосиповиќ ќе добие поддршка од 46,5 проценти од избирачите, но за да победи уште во првиот круг од изборите тој треба да освои повеќе од половина од гласовите на избирачите.

Неговиот главен опонент, кандидатката на Хрватската демократска заедница, 46-годишната Колинда Грабар Китаровиќ, во последните недели добива се поголема поддршка и според анкетите ќе освои 36 отсто од гласовите.

Социолозите не даваат никакви прогнози за евентуалниот втор круг од изборите и дури се внимателни и во прогнозите за првиот круг, предупредувајќи дека на избирачката активност ќе влијае датумот на изборите, закажани меѓу Божик и Нова година. Овој датум беше избран во согласност со законот, а ако изборите беа закажани за друг ден, овој датум можеше да биде оспорен и тоа да биде причина за одложување на изборите.

Заради датумот на изборите избирачката активност во првиот круг може да биде пониска кај поддржувачите на Китаровиќ, кои се верници католици, но во вториот круг, што ќе се одржи по две недели, веројатно е тие повеќе да се активираат.

Втората потенцијална закана за претседателот Јосиповиќ е нараснатото незадоволство меѓу Хрватите кон Владата на Социјалдемократската партија, која не е поддржувана заради нараснатите економски проблеми во земјата.

Иако Јосиповиќ вложи напори да се дистанцира од премиерот Зоран Милановиќ и дури и се конфронтира со него, тој продолжува да биде поврзуван со Социјалдемократската партија, уште повеќе затоа што е поранешен нејзин член, кој првиот мандат го доби како кандидат на оваа партија, а сега е повторно поддржан од неа.

Во овој контекст претседателските избори може да покажат какво е расположението меѓу избирачите пред парламентарните избори, уште повеќе што кандидатката на опозицијата Колинда Грабар Китаровиќ во пракса веќе ја почна кампањата за парламентарните избори, изјавувајќи дека е „подобро предвремени избори отколку уште една година за оваа некомпетента Влада“.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб