В недела на Краста ќе се берат бадникови гранчиња

Од:

Традиционално, на 28-ми декември во недела, од падините на Водно, во месноста Говрлевска Краста каде што се наоѓа Бадникарската шума, членовите на Одборот за одбележување на Бадник и граѓаните на Скопје ќе берат бадникови гранчиња што ќе им бидат бесплатно разделени на нивните сограѓанина скопјани.

Првото бадниково гранче кое претставува симбол на среќата, сонцето и животот ќе го пресече новиот кум на Бадник Александар Џиковски заедно со здравичарот Благоја Анчевски-Дечко.

На средбата се очекува да присуствуваат стариот кум и здравичар Методија Стефановски-Тоде и Владо Плавевски, некокумина поранешни кумови и здравичари, градоначалникот на Скопје, претставници на  општината Сопиште, странски дипломати, свештени лица од МПЦ, претставници на естрадата, граѓани и добронамерници.

Собирно место за поканетите гости и за сите што точно не ја знаат локацијата на Краста, е крстосницата на патот за Драчаево и патот за Маркова Река и Батинци, пред мостот на Маркова Река. Оттаму групно се тргнува околу 11 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан