Протест поради германско оружје

Од:

Околу 100 лица излегоа на протест пред германската амбасада во Мексико Сити, бидејќи според нив германски произведувачи на оружје, им извезувале пушки на корумпираните полицајци кои се вмешани во исчезнувањето на 43 -те студенти.

Како што пренесе „Асошиејтед прес“, демонстрантите тврдат дека полицијата во државата Гереро употребувала пушки „Г36“ од германско производство.

Полицајците се обвинети дека ги привеле студентите, а потоа ги предале на нарко банда која ги убила. Лидерот на протестите Фелипе де ла Крус рече дека Германија требало да ја сопре таквата продажба.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски