Нафтени компании се закануваат со тужби против Хрватска

Од:

Шест големи нафтени компании што учествуваа на тендерот за истражување на резервите на нафта и гас во Јадранското Море, вреден една милијарда долари, најавија дека ќе ја тужат Хравтска, доколку до 2 јануари не ги добијат дозволите за работа од Владата во Загреб.

Како што објави порталот Дневник.хр, нафтените компании веќе три недели чекаат да ги добијат дозволите за зделката, која хрватската Влада, ја нарече „бизнис на векот“.

Компаниите доставиле понуди за експлоатација на нафта и гас на 15 од 29 реони во Јадранското Море

Претставничката на хрватската Агенција за јаглеводороди, Барбара Дориц изјави дека пристигнатите понуди биле разгледани уште минатиот месец.

– Одбравме кои понудувачи ги задоволуваат критериумите на тендерот и предлог-одлуката за издавање на дозволи на одбраните понудувачи ја доставивме до Владата на Хрватска, изјави Дориц.

Таа изрази стравување дека одолговелкувањето би можело да ја загрози реализацијата на целиот проект, додавајќи дека не знае каде „запнала“ работата.

Дневник.хр наведува дека ако до истекот на крајниот рок за издавање на дозволите, 2 јануари, нафтените компании не ги добијат документите, тие би можеле да бараат враќање на уплатените банкарски гаранции или да ја тужат Хрватска за направените трошоци.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб