МЗШВ го демантира СДСМ дека Владата нема стратегија за тутунопроизводството

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги демантира обвинувањата на СДСМ дека Владата нема стратегија за тутунопроизводството.

– Оваа Влада и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во ниеден момент ниту крева раменици, ниту ги остава тутунарите неисплатени. Бегање од одговорност и од решавање на проблемите на тутунарите беше својствено на владата на СДСМ, која дури не се потруди да им обезбеди минимални субвенции, стои во реакцијата на Министерството.

Владата и Министерството, како што е наведено, пред почетокот на производството се вклучени во решавање на проблемите со тутунот, настанати поради помалата побарувачка на светскиот пазар.

– Субвенцијата од 60 денари за килограм е потврда дека оваа Влада како никоја претходно, имаше и има разбирање за потребите на земјоделските производители. Тоа што го ветува и го реализира. Министерството за земјоделство порачува, СДСМ да не ги злоупотребува тутунарите во партиски цели нудејќи решенија, кои тие никогаш не ги применуваа како на пример зголемување на субвенциите, следењето на состојбите и откуп на вишок на тутун, стои во реакцијата.

МЗШВ посочува дека се преземени сите мерки за успешно одвивање на откупот, инспекторите се на терен и оти засега е договорено да се откупуваат количествата согласно договорите и да се пријави вишокот тутун.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени