(ВИДЕО) СДСМ: Власта наместо да им крева раменици на тутунарите, да ги исплати

Од:

Произведените 5 милиони килограми вишок тутун се резултат исклучиво на погрешните политики на Владата. Оваа Влада нема стратегија за состојбите во тутунопроизводството. Таа е резултат на стратегија на владеење со земјоделецот, а не стратегија за развој на земјоделството, вели Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство на СДСМ.

Тоа го потврди и посетата на заменик министрерот за земјоделство пред неколку дена кој ја префрли одговорноста за решавање на проблемот, на откупувачите на тутун.

Но, нели Владата предизборно ги поттикнуваше тутунопроизводителите да садат тутун, ветувајки субвенции за 60 денари по килограм?

Благодарение на овие политики, само на ветувања, што единствено имаат цел добивање гласови по секоја цена, сега тутунарите немаат пари да ги платат основните обврски, а не пак да инвестираат во сопственото производство. Затоа:

Бараме Владата да ја реализира обврската што ја презеде кога направи 25.000 договори со тутунарите.

Потсетуваме дека обврска на Владата е да најде начин вишокот на тутун да биде откупен и тоа во законскиот рок до 15 март, со што за тој тутун би следувале и ветените субвенции од 60 денари по килограм.

Владата треба да го засили следењето на откупот од страна на откупните компании. Откупните компании оваа година имаат договорен откуп за 24.700.000 килограми тутун. Тоа се околу 25 милиони евра предвидени за субвенции.
Посебно нагласуваме дека е потребно да се подобрат методите на проценка на квалитетот на класите и средствата за непродуктивни трошења да се насочат во зголемување на субвенцијата од 60 денари за килограм на 90 денари за килограм тутун.

Наместо за тркала, палми и споменици парите да се употребат за зголемување на субвенцијата од 60 денари за килограм, со дополнителни 30 денари за секој откупен килограм, на име елементарна непогода. Со тоа ќе се постигне ланската просечна откупна цена и ќе се ублажи катастрофалната состојба во којашто се најдоа тутунопроизводителите во земјава.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он