(ВИДЕО) СДСМ: Власта неуставно ќе ја казнува администрацијата

Од:

„Тоа на што укажуваше СДСМ, дека владиниот Закон за административни службеници противуставно ќе удри со казни по администрацијата, го потврди и Народниот правобранител.

Власта, во Законот што треба да стапи во сила за месец и пол, предвидува  и оние вработени кои се веќе во работен однос, да полагаат испит за административно управување. Доколку не го сторат тоа во рок од 2 години, ќе бидат прераспределени на пониско работно место или платата ќе им се намали за 10 проценти“, изјави на денешната прес-конференција Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Истото се однесува и за одлично познавање на странски јазик и компјутери. Доколку не поднесат доказ во рок од 2 години дека научиле одлично англиски и компјутери, ќе биде прераспределени на пониско место или ќе примаат 10 отсто пониска плата.

Ова што сака да го спроведе власта е неуставно и незаконски, бидејќи законите важат од моментот кога ќе стапат на сила.

Правобранителот со право во оваа Иницијатива до Уставниот суд бара да се поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на членови од Законот и по спроведената постапка судот да ги поништи или да ги укинe!

СДСМ дополнително укажува дека предложените измени од страна на власта, на Законот што не е ни стапен во сила, за начинот на оценување на работата на администрацијата, се уште една можност за заканувања и чистки во администрацијата за партиски потреби.

Што се случува во овој правец говори податокот дека за 10 дена има огласи за над 100 места во администрацијата! Како што објавивме, голем дел од огласите се за луѓе без искуство, со средно образование, за работни места курири, помлади референти, што говори дека власта на големо ја трупа администрацијата со лица што не ги поседуваат елементарните професионални стандарди предвидени во законот што самите го донесоа.

Целта на Законот за администрација, според препораките на ЕК, требаше да биде ефикасна и професионална администрација.

Поради тоа, СДСМ бара да се одложи примената на Законот за администрација, предвидена за 13 февруари 2015. Законот е донесен без консултации со засегнатите и со експертската јавност.

Делови на законот се неуставни.

Овој закон води кон послушна и партиска администрација, а не води кон европска професионална каква што им е потребна на граѓаните и на што е обврзана Република Македонија“, рече Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите