Цивил: Сите граѓани да им се придружат на студентските протести утре и секогаш кога за тоа има потреба

Од:

„Цивил – Центар за слобода ја дава својата континуирана и силна поддршка на Студентскиот Пленум и сите студент(к)и и други засегнати граѓан(к)и кои им се придружија на протестите во изминатите недели, како и на сите што ќе им се придружат на протестот утре (26 декември 2014). Ја искажуваме својата решителна солидарност со Студентскиот Пленум затоа што имаат визија за иднината на оваа земја и решително застанаа во одбрана на своите права, во одбрана на автономноста на универзитетите и во одбрана на демократијата воопшто“, пишува во соопштението.

Цивил ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, соработници и поддржувачи, да им се придружат на студентските протести утре и секогаш кога за тоа ќе имаат потреба.

„Да чекориме заедно со студентките и студентите на оваа земја кои покажаа зрелост, достоинство и решителност!

Сите овие денови прогресивните млади им го исполнуваат срцето и им даваат надеж на сите граѓанки и граѓани на Македонија. Студенсткиот Пленум покажа дека ова општество има сили да се издигне над етничко-религиозните стапици кои ги поставуваат клеро-политичките мафиози. Студентите им одржаа лекција на сите салонски револуционери, на партиите, на невладините фолиранти, на црвените буржуи, но најмногу на власта. Ги повикуваме и нив, да научат, да ги признаат грешките и да ги поддржат.

Бидете солидарни со прогресивните млади на Македонија!

Солидарноста е човечка доблест и висока цивилизациска придобивка, без која општествата се ронат и пропаѓаат во насилство, очај и безнадежност. Студентскиот Пленум ни покажа дека е можно надпартиско и надетничко граѓанско делување.

Да им возвратиме со солидарност и разбирање, да ги надминеме наметнатите ограничувања, етикетирања и манипулации!“

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки