Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер денеска во Штип ќе ја промовира мултимедијалната публикација „Модна индустрија – технологија и креативност“.
Публикацијата ги опфаќа перспективите, кои ги нуди текстилната индустрија и индустријата за облека.
На настанот ќе присуствуваат текстилни компании, претставници на владини институции, професори и ученици од средните текстилни училишта.