Рекорден број набљудувачи на претседателските избори во Хрватска

Од:

Речиси 22.000 набљудувачи, најмногу во последните неколку изборни циклуси, ќе ги следат претседателските избори во Хрватска на 28 декември.

Имајќи предвид дека за изборите се одредени 6.350 избирачки места, произлегува дека на секое просечно ќе има по три и пол набљудувачи.

Пет невладини организации ќе имаат 794 набљудувачи, а останатите се од политичките партии кои ги поддржуваат претседателските кандидати – Иво Јосиповиќ (СДП), Колинда Грабар Китаровиќ (ХДЗ), Милан Кујунџиќ (Сојуз за Хрватска) и Иван Вилибор Синчиќ (Жив ѕид).

– Набљудувачите се добредојдени, веруваме дека нивното присуство ќе ги демантира неоснованите тврдења за кражба на гласови, соопшти Државната изборна комисија, која в недела првпат ќе биде и самата „објект“ на набљудување.

Претседателските избори ќе ги следат и четворица странски набљудувачи, по двајца од Литванија и Летонија.

Околу 3,8 милиони гласачи в недела ќе одлучуваат кој во следните пет години ќе биде на чело на најмладата членка на ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски