Полицијата со гумени куршуми и електрични парализатори по демонстрантите

Од:

Полицијата ќе може да растерува и онеспособува лица кои демонстрираат и со употреба на гумени куршуми.

Ова, пишува „Вест“, е една од покрупните измени во Законот за полиција.

Целта на употреба на гумените куршумим според законодавецот, ќе биде привремено да се онеспособат лица од толпа, кои активно го нарушуваат јавниот ред и мир. Во измените е дадена можност полициските службеници да можат да употребат и електричен парализатор, за моментно справување, привремено онеспособување и доведување до послушност на агресивни лица.

Присилни средства можат да се употребат само по наредба на полициски службеник што раководи со акцијата.

Со нови методи за справување со насилна толпа во измените се опфатени и специјалните возила за јавен ред и мир и пиротехничко-експлозивни средства.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он