Музичкото образование води кон подобар развој на јазичните вештини кај децата, пишува стручното списание „Frontiers in Psychology“.
Американските научници од Универзитетот Нортвестерн во двегодишно истражување покажаа дека активното учество на часовите по музичко образование е поврзано со значителен напредок на способностите на мозок на децата за процесуирање на говорот и читањето.
Највидлив позитивен ефект на музичкото образование е забележано кај децата чии јазични способности на почетокот на истражувањето биле послаби. Овие деца подоцна имале и подобри оценки во училиште.
Според истражуачите, новите сознанија се потврда за важноста на музичкото образование за децата.