Тајванската армија доби моќен брод за лансирање ракети

Од:

Тајванската армија денеска го претстави најголемиот брод за лансирање на ракети, изграден во домашните бродоградилишта и воени лабаратории, за кој на свеченото пуштање во употреба министерот за одбрана рече дека е најбрз и најмоќен транспортер во Азија.

Корветата со носивост од 500 тони, наречена „Туо Чианг’’ (реката Туо) е опремена со  16 балистички проектили, од кои осум се  суперсонични, со електронско наведување за евентуален напад на воени бродови.

Министерот за одбрана на Тајван Јен Минг оцени дека со добивањето на ваков транспортер армијата го постигнала неопходниот максимум за потребите за одбрана на островот во случај Пекинг да се обиде со сила да го припои Тајван кон Кина.

Пред две недели во Тајван беа промовирани и 500 балистички ракети земја – воздух, при што беше оценето дека ваквата одбранбена структура овозможува одбрана од воздух и дека проектилите се доволно модерни и ефикасни во наредните 20 години да се обезбедува независноста на Тајван.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате