Вториот круг се поверојатен во пресрет на претседателските избори во Хрватска

Од:

Остана уште многу малку време до шестите претседателски избори во Хрватска, што се закажани за 28 декември, а според акетите најголема поддршка од гласачкото тело имаат актуелниот претседател Иво Јосиповиќ, кого го поддржува владејачката коалиција на левиот центар, и кандидатката на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Колинда Грабар Китаровиќ.

Поддршката за Јосиповиќ и натаму е најголема, меѓутоа, резултатите од испитувањето на јавното мнение укажуваат дека е речиси извесно дека се нема да се реши уште во првиот круг, пишува Радио Слободна Европа.

Според една од релевантните анкети, актуелниот претседател би добил 42 отсто од гласовите, според друга 46,5, Грабар Китаровиќ е солидно втора со 30, односно 35 отсто поддршка, кандидатот на Советот за Хрватска Милан Кујунџиќ е трет со 9,5 отсто, додека според другата анкета има нешто над седум проценти, додека на крајот е Иван Синчиќ, кандидатот на Живиот ѕид кој има поддршка од 7,5 отсто, односно девет отсто во втората анкета.

Досегашната кампања минува без преголеми скандали и без преголеми тензии, примерено на соодветно малата тежина која функцијата претседател на државата ја има во хрватскиот политички систем.

– За сега можеме да процениме дека не се случува ништо спектакуларно, но и дека партиите всушност не даваат некоја преголема важност на овие избори, намерно или ненамерно. Впечатокот е дека и ХДЗ и СДП некако не се со цело срце крај своите кандидати и дека не сакаат на овие избори да им придадат некоја голема важност, за РСЕ оцени коментаторот на Хрватската радио-телевизија Јасмина Поповиќ.

Сите кандидати како централен проблем на хрватското општество и хрватските граѓани ја гледаат тешката економска ситуација.

Јосиповиќ сака со уставни промени да осигура повеќе демократија и стабилност и поефикасни институции, додека Грабар Китаровиќ „пука“ на една од послабите точки кај Јосиповиќ, фактот дека тој на својот прв мандат беше избран како кандидат на СДП, чија Влада има многу лоши економски резултати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски